На Пацоли не му дозволена посетата на Нови Пазар

606

Србија не го одобри барањето за посета на Нови Пазар на министерот за надворешни работи на Косово Беџетот Пацоли, објави Радио-Телевизија на Србија.

Како што неофицијално дознаваат од РТС, барањето е одбиено, бидејќи во привремената правна рамка на УНМИК, Косово нема Министерство за надворешни работи, па договорот за официјални посети не може да се примени во случајот со Пацоли.

Баџет Пацоли во четвртокот изјави дека побарал дозвола од Белград официјално да го посети Нови Пазар и Санџак на 21 и 22 јули, додавајќи дека ако не ја добие дозволата, нема да оди преку планински патишта како директорот на српската владина Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица.

Белградските медиуми известуваат дека Пацоли денеска може да престојува во Нови Пазар, но само во приватна посета и во својство на обичен граѓанин.

Според информациите на Танјуг, Бошњачкиот национален совет денеска напладне во своите простории има закажано свечен прием, а потоа и трибина во зградата на Собранието на општина Нови Пазар, на која треба да присуствува и Пацоли.

Неофицијално, во Нови Пазар веќе престојува заменик-офицерот за врски на Приштина, чие седиште е во Белград.

Бошњачкиот национален совет го покани Беџети Пацоли да го посети Нови Пазар и Рашка за викенд во својство на вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово.

„Почитуван г-дин Пацоли, предлагаме датумот на вашата посета да биде 21 и 22 јули 2018 година. Прифаќајќи ја оваа покана и вашето пристигнување, ќе му дадете голема чест на Бошњачкиот национален совет, Бошњаците и сите граѓани на Санџак”, пишува во писмото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...