Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања ја затвори расправата за Изборниот законик, без да биде прифатен ниту еден од 400-те амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Тој, како што образложи ја прекина расправата, бидејќи имало многу пријавени пратеници за збор а комисиската расправа има рок да заврши до полноќ, така што нема да може сите да дојдат на ред за дебата.
Поради европското знаменце на измените на Изборниот законик, расправата според Деловникот требаше да заврши денес на полноќ.