Состанокот во Клубот е рм со ушите на Македонија

Средбата на лидерите (боже, колку е сиромашна оваа Македонија) е состанок на кој Мицко се обидува да ги убеди другите да го фалсификуваат историскиот интерес на македонските граѓани.

1354

Собирот во Клубот на пратениците е полуилегална формација. Во пристојна и минимално строга држава, тоа и такво состаничење, не би било можно.
Антитерористичките единици би се маскирале во келнери и во скратена постапка би ги дислоцирале гостите во лендроверите со решетки на џамовите. Или би ги оставиле да состанчат како знак на најсериозното отсуство на државата. Како на ливада. Третата опција е влез на таканаречениот народ: луѓето се раскомотуваат на масата на говњарите и удираат партија рм со отсечените дланки, уши и други екстремитети на злотворите.

Дали ќе се формира Државната изборна комисија е невозможно прашање. Уште поневозможно прашање е прашањето за амнестијата во врска прашањето за формирањето на Државната изборна комисија. Тоа е како некој доктор да го врзува вградувањето на спасоносниот стент во аортата на Мицкоски со интересот да ја штипне жена му за газот. Или да спие со неа. На состанок во Клубот на пратениците, без присуство на несреќната жена, само докторот, Мицкоски и Кара Ками Шева. Која цело време му се заканува на докторот дека ќе му го гризне увото, ако не ја фати жена му на Мицкота за газот.

Тоа е исто како во клубот да расправаат дали утре Собранието ќе се трансформира во депанданс на Зелениот пазар. Дали вечерва ќе се стемни.
И дали утре ќе се раздени. Дали зеленото светло на семафорите ќе се смета за црвено. Можеме ли понеделникот да го прогласиме за вторник. Дали во Македонија ќе имаме сообраќајна полиција и кривичен суд. Дали ќе се делат плати. Дали луѓето ќе се остават да дишат без да им се бара потврда дека се кретени. Тоа е како Мицко да рече дека ќе имаме референдум само ако во вецето на Клубот на пратениците имаме тоалетна хартија „милде“ со камилица.

Прво за амнестијата

Сакам да кажам дека типовите се надвор од своите уставни овластувања. Уште повеќе: тие се директно контра Уставот и контра минималните стандарди без кои државата се претвора во приватна кафеана во која има тоа што рекол дека ќе има газдата. Тие го обесмислуваат тоа за што расправаат. Државната изборна комисија и референдумот. И државата, нормално. Тоа е идејата на ВМРО.

Средбата на лидерите (боже, колку е сиромашна оваа Македонија) е состанок на кој Мицко се обидува да ги убеди другите да го фалсификуваат историскиот интерес на македонските граѓани. Да ја поразат Македонија како врвна изневера на идеалите на ВМРО!!!

Се разбира, сѐ е политика.

Имавме ситуации кога Груевски сереше на плоштадот, а нацијата го аплаудираше неговото испарувачко гомно како врвна уметничка форма. На реализацијата на македонските национални и државни интереси. Разликата денеска е во тоа што Мицкоски не сере. Тој самиот е гомно. Добро, на Груевски, но гомно свиткано од лево кон десно и исцуцулено при последната контракција на шупакот на бившиот лидер.
Во 2006 пишував дека Македонија е како алпинист кој беше стигнал на получекор од Монт Еверест. Како планинар кој во моментот кога сакаше да го зарие државното знаме на врвот на светот беше повлечен за ногавицата од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски долу во Катманду, да ја замени славата за чај и шанса да ги чува неговите јакови за волна и млеко. Тој чувар на македонската трагика не нè остави раат ниту за миг.

И еве го сега во Клубот, прво, да ги изместува очигледните приоритети, демек дајте прво да видиме за амнестијата, за законот за партиите и за владата, па после за НАТО и ЕУ; второ, да ја уништи радоста од меѓународниот успех како историски успех на општеството, на нацијата, како себепотврда, да ја смачкува радоста како најопасен феномен во културната матрица на православието. Како, со што!?

Сега скоро бев во источниот крај на северна Македонија. Во друштво на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Сакав да допрам до нивниот став за клучните прашања за македонските перспективи. И сфатив дека тие не работат на пропаста на Македонија затоа што сакаат да пропадне, туку затоа што нарушениот алгоритам им кажува дека пропаста е рај, тие се како пилоти на кои нарушениот навигациски уред им покажува дека ќе се спасат од планината пред себе ако поминат директно низ неа.
Сево ова е последица на политичкиот опортунитет. Кој ги тера главните актери да не постапуваат така како што треба да постапуваат во една минимум уредена држава. Така ја имаме оваа гротеска во која луѓето што треба да се в затвор, значи сите извршни комитети и лидери на ВМРО-ДПМНЕ од формирањето на инсталацијата до денес, минимум, да бараат коцкести чаршафи на масата во Клубот на пратениците за да ја потпишат потврдата за смртта на Македонија.

Тргање на превезот на лагата

Но, добро!

Ја разбирам и, дури, се воодушевувам од политиката на Заев. Од трпението. Од благородноста. Од тактичноста. Јас би го викнал Палчо да му сипе боја. Има Палчо убави фарби. А Мицко има оштетена глава. Хахаха!

Но, повеќе од сѐ ме радува неговото доближување до идејата дека смрдеата во Македонија не може да се отстрани со никакви миризливи озонери и ер викови, туку само со исфрлање на гомното од нашиот историски апартман. Тоа што се прави во Клубот на пратениците со најдобра намера е систем кој ја доведе државата во безизлез.

Кара Ками Шева се облекува во сино, ја собира косата за да го истакне ѓаволското забало, како луто куче, демек, и решава дека јас не можам да решавам дали ќе одам во Брисел и со кого она во својство на решавач на општите работи, ќе се ебе, односно, кој сè нема да ја ебе.

Потребна е масивна културна, медиумска и политичка акција за исфрлање на вмрото од формациските карактери на Македонците. Не како политички каприц, туку како ултимативна медицинска интервенција. Не како политички инженеринг на манипулацијата и лагата, туку како тргање на превезот на лагата од очите на луѓето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...