Репортер на CNN ги прашал Црногорците дали ќе почнат Трета светска војна, еве што му одговорија ВИДЕО

4617

Репортер на CNN Ник Патон Волш ја посети Црна Гора по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Црна Гора може да предизвика Трета светска војна.

– Добредојде на првиот фронт, во милитантната Црна Гора – саркастично најавува Волш во репортажата и снимките на Бока Которска.

По ова, тој прашува неколку жители што мислат за таа најава на Трамп.

– Не знам што да кажам. Тоа е навистина глупаво – изјавила продавачка на сладолед, а слично реагирал и еден келнер.

На прашање на репортерот дали таа оди да ја почне Третата светска војна, млада минувачка одговорила:

– Не одам да пијам кафе.

CNN се осврнал на 2016 година кога руските разузнавачи се обиделе да инсценираат државен удар кој би почнал со атентат на црногорскиот премиер Мило Џукановиќ.

За потсетување, Трамп по состанокот со Владимир Путин во разговор за Fox News,  Црна Гора ја опиша како мала и многу агресивна земја.

– Зошто мојот син да ја брани Црна Гора во случај на напад? го праша новинарот Трамп, на што американскиот петседател одговори дека самиот на себе си си го поставил истото прашање.

– Црна Гора е мала земја со силни луѓе – многу силни и агресивни луѓе кои можат да дејствуваат агресивно. Честитам, влеговме во Трета светска војна – заклучи Трамп.

Од црногорската влада му одговорија дека тие придонесуваат за мир и стабилност, не само на европскиот континент туку и во целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...