Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Групи поради тензична атмосфера по трет пат даде пауза на седницата на која се расправа за Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка во второ читање. Паузата ќе трае до 19.30 часот.
Се води расправа за вториот амандман од вкупно 400-ни кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Комисиската расправа треба да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.
Фото: МИА