Иранец е приведен за нападот со нож во автобус

376

Германската полиција објави на Твитер дека никој не бил убиен во денешниот инцидент во автобус во северниот германски град Либек и дека сторителот е приведен.

– Имаше инцидент во градски автобус во Либек, соопшти полицијата во државата Шлезвиг-Холштајн, каде се наоѓа тој град.

– Повредени се осум луѓе, од кои тројца се со сериозни рани – изјави портпаролка на полицијата за ДПА.

Претходно германски медиуми јавија за 14 повредени откако маж нападнал луѓе во градски автобус.

Германскиот локален весник Либекер Нахрихтен пренесе изјава од јавниот обвинител Ула Хингст која вели дека „ништо не е исклучено, вклучително и дека тоа е терористички напад“.

Германските медиуми пишуваат дека станува збор за Иранец на возраст од 30 години.

Државниот обвинител вели дека многу нешта би можеле да бидат мотив за нападот, а не е исклучена можноста да се работи за тероризам.

Според изјави на сведоците, мажот со нож ги нападнал патниците и возачот, кој веднаш го сопрел автобусот по што ги отворил вратите за патниците да може да истрчаат надвор.

Нападот наводно започнал кога еден од патниците му понудил место на постаро лице. Во тој момент напаѓачот го избол патникот со нож.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...