Шведска веќе неколку дена се бори со пожари ширим земјата. Невообичаените високи температури на северот на Европа надминуваат 32 степени Целзиусови, а долготрајната суша и ветер оди на рака на ширење на пожарите, пренесуваат светските медиуми.
Во централниот дел и на западот на земјата ативни се повеќе од 40 пожари. Населението и туристите се евакуирани и сите ресурси се мобилизирани за да се запрат пожарите. Најмногу се погодени покраините Љусдал и Алвдален, одалечени околу 330 километри од главниот град Стокхолм. Голема опасност претставуваат и неексплодираните гранати на еден воен посед кој е погоден од пожарот.
Илјадници луѓе се предупредени да не излегуваат од своите домови, да ги затворат прозорите и да не го вдишуваат зачадениот воздух. Пожарот досега птоголта околу 20.000 хектари шума, а штетата се проценува на околу 60 милиони евра.
Фото: EPA