Комисијата за европски пршања повторно на пауза, се проверува дали се преведени сите амандмани

274

Собраниската Комисија за европски прашања на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими повторно е на пауза, сега до 17.30 часот.

Само што почна со работа Комисијата по претходно дадената пауза, Алими побара нова пауза за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани за Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

По неговото барање претседателот на Комисијата Артан Груби од ДУИ даде пауза до 17.30 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...