„Тетракстис Кристијан Дооел“ ќе го гради аквапаркот во Гостивар ГАЛЕРИЈА

431

Согласно конкурсот објавен по електронскиот систем за јавни набавки објави, во кој се бараше идејно решение за изградба на воден парк со пропратни содржини, посебна Комисија при Општина Гостивар, како најдобро идејно решение го одбра проектот на Друштво за архитектура, урбанизам и инженеринг Тетракстис Кристијан Дооел експорт импрот Скопје, соопшти Општината.

– Со реализацијата на овој проект Гостивар во блиска иднина ќе има на располагање содржини на водна површина со над две илјади квадратни метри. Предвидено е аквапаркот да има базени за спирални тобогани, за брзи тобогани, базен со бранови, мрзлива река, плиток базен за деца до четири години и детски базен за деца од 4 до 14 годишна возраст. Изградбата на аква-паркот ќе биде економична и нема да го оптовари општинскиот буџет, бидејќи целосната реазлизација ќе биде на принцип на јавно-приватно партнерство – велат од Општината.

Покрај технички простории, паркинг, гардероби и тоалети, во овој комплекс ќе функционираат ресторан и кафетерија.
Локацијата се наоѓа во Урбан блок 16 во зоната која е предвидена за спортски-рекреативни активности, каде што веќе постојат спортски терени, односно на десниот брег на Вардар во населбата Дутлок, помеѓу двата фудбалски стадиони.
Се очекува проектот да се реализира во текот на 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...