Орбан го поздрави Договорот со Грција

240

До Кабинетот на премиерот Зоран Заев, пристигна писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји од претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан, соопшти Владата.

Во писмото, кое премиерот на Унгарија Орбан го потпишува и во име на Вишеградската Четворка, го поздравува решението што двете земји, Република Македонија и Република Грција, го најдоа во врска со прашањето за името.

– Унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија. Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на Европската Унија со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, стои во писмото од Орбан.

Во писмото се нагласува дека Унгарија ја поддржува поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...