Просечната оценка од јунската државна матура 3.42

111
ФОТО: Архива

Вкупната просечна оценка од испитите по сите предмети од државната матура во 2017/2018 година е 3.42 што е мало подобрување од минатата година кога средната оценка беше 3.39.

Средната оценка од полагањето на трите екстерни испити во јуни денеска на прес-конференција ја соопштија министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Лидија Ѓошевска.

Според податоците што ги соопштија, највисока просечна оценка е постигната по предметот турски јазик 4.18, а најслаба оценка е од англиски јазик 2.91.

Министерот Адеми рече дека се задоволни од просечната оценка затоа што има благ раст на успехот што, како што рече, индикатор е дека и покрај сите предизвици и состојбата во образованието тоа е на добар пат кон подобар квалитет.

Од вкупно 43.331 реализирани испити не биле положени 2.512, односно 5,8 проценти.

Завршен е и рокот за приговори. Биле поднесени до ДИЦ 480, а како основани биле прифатени 130. За тие што во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, следната испитна сесија е на 12, 13 и 14 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...