Адвокатот на Сафет Ватиќ, Ванчо Митев рече дека од овој тежок, обемен и сложен процес семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава. Ватиќ беше обвинет за помагање во случајот „Труст“ на СЈО, а денеска доби ослободителна пресуда.
– Во мое лично име респект за претседателката на судечкиот совет и за Судот. Оваа несомнено голема победа на одбраната не ја доживувам како лична, ниту како пораз на Обвинителството, туку како голема победа на правдата – рече Митев.
Член на семејството Ватиќ изјави дека конечно со новата власт и со овие судења се гледа дека правдата е достижна за секој кој е праведен.
За овој предмет од ноември лани беа одржани над 20 рочишта.
На донесената пресуда обвинетите имаат право на жалба кај повисокиот суд.
Повеќе на оваа тема:
Повеќе на оваа тема:
Шест години затвор за Кочан, три за Авировиќ и конфискација на имот од фирмите
Бубевски: 90 отсто од износот за конфискација во „Труст“ привремено е обезбеден