Стаменковска: На Петар Атанасов му се брза да стане заменик – министер

353

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Стаменковска на собрансиката Комисија за европски прашања денеска на тема Изборен законик рече дека на СДСМ им се брза да се избере ДИК, а на Петар Атанасов од СДСМ да стане заменик-министер за образоваание.

– Но, жално е вие да бидете човекот кој ќе носи образовани програми за идните генерации во Македонија… Ние сме тие кои што се обидуваат да ја зачуваат унитарноста на РМ. Нашето име да остане Република Македонија. Не нарекувате предавници, но предавници се оние кои се обидуваат да го сменат името на Македонија – рече Стаменковска и побара законот да се води од, како што рече, надлежната комисија.

По ова претседателот на Комисијата Груби даде пауза до 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...