Бубевски: 90 отсто од износот за конфискација во „Труст“ привремено е обезбеден

2161

Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Гаврил Бубевски генерално е задоволен од пресудата во случајот „Труст“, каде Сеад Кочан доби шест години затвор, Василие Авировиќ три, а фирмите чиј застапници се тие добија казни од по два милиони денари (околу 32.000 евра) и конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра.

За Сафет Ватиќ кој доби ослободителна пресуда, а за кој СЈО направи преквалификација на делото во „помагање“, Бубевски не сакаше да коментира дали ќе поднесат жалба бидејќи, како што рече, ќе почекаат да ја добијат пресудата на писмено и да видат дали се согласуваат или не со правните аргументации и заклучоци кој ги дал судечкиот совет.

Обвинителот видно беше задоволен и од одлуката на Судот да се конфискува имот во вредност колку што беше тендерот – 17 милиони евра.

– Му честитам на Судот по однос на конфискацијата, затоа што ова е првпат вака да се конфискува имот по бруто принцип. Ваквиот начин најверојатно ја прави најголемата превенција од идни вакви кривични дела. Се работи за принцип што го имаат сите поразвиени правни системи – рече Бубевски, појаснувајќи дека бруто принципот значи дека се конфискува за целата сума на тендерот.

Според она што тој го изјави за медиумите по објавувањето на пресудата, 90 отсто од сумата која треба да се конфискува е привремено обезбедена. На новинарско прашање, дали станува збор само за пари или за друг имот тој посочи дека меѓу обезбееното има и недвижен и подвижен имот.

Кога станува збор за притворот на Кочан, од СЈО посочија ека тој има дадено гаранција оти нема да избега, па затоа притворот не е задолжителен.

Повеќе на оваа тема: 

Шест години затвор за Кочан, три за Авировиќ и конфискација на имот од фирмите

Адвокатот на Ватиќ во „Труст“: Респект за судијката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...