Комичарот Ноа и францускиот амбасадор во САД спорат дали „Африка го освои првенството“ (ВИДЕО)

51

Францускиот амбасадор во САД Жерар Аро го критикуваше водителот на комичното „Дејли Шоу“ Тревор Ноа, за неговата шега дека „Африка го освоила светското фудбалско првенство“, но Ноа не попушта од своите ставови.

Комичарот Ноа, кој инаку е Јужноафриканец по потекло, се шегуваше за африканското потекло на мнозинството француски фудбалски репрезентативци, но тоа го навреди амбасадорот Аро.

– Ти се школувани во Франција, научија да играат фудбал во оваа земја и се горди француски државјани – истакна Аро.

Ноа одговори дека го разбира коментарот и чувствата на амбасадорот, како и на сите Французи, но истакнува дека во неговата шега нема двосмисленост.

– Кога велам дека тие се Африканци, тоа не значи дека ја исклучувам нивната „француштина“ (не велам оти не се Французи), туку ги користам за да ја истакнам мојата „африканштина“, рече Ноа.

Тој ги искористи и социјалните мрежи да го аргументира својот став. На Инстаграм, Ноа објави карикатура на која се гледа како група мигранти во бродче и го носат фудбалскиот пехар на Франција. На Твитер, пак, Ноа преобјави снимка во која повеќе француски репрезентативци пеат африканска песна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...