ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бара „индиректна“ амнестија?

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара измени во Кривичниот законик, кои би воделе кон застарување на обвиненија за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а со тоа кон индиректна амнестија на нејзини високи функционери.

1181
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Ниту Договорот со Грција, ниту законот за финансирање на политичките партии и барањето за „пржинска влада“ пред избори, најверојатно не се вистинските причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ го блокира изборот на новиот состав на ДИК. Како што тврдат за Дојче Веле извори упатени во преговорите, притисокот на ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бил насочен кон барање на одредени измени во Кривичниот законик. Поконкретно, најголемата опозициска партија наводно барала промена и редефинирање на кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и намалување на висината на предвидените санкции, со што би се скратил и рокот во кој застаруваат делата извршени по тој основ.

„Амнестијата за учесниците во настаните од 27-ми април е ‘нафрлена’ само како параван за амнестијата што всушност се бара исклучиво за високи партиски функционери на партијата, кои се опфатени со предметите на СЈО или ОЈО. Со такви измени во Кривичниот законик, обвиненијата за голем дел од нив веќе би станале застарени или би го стакнале тој статус многу брзо во следниот период. На таков начин, би се обезбедила тивка, индиректна амнестија, без многу ‘врева’“, објаснуваат извори на Дојче Веле.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...