Руски воен брод, потопен пред 113 години, откриен е во близина на брегот на Јужна Кореа, а истражувачите веруваат дека на него се наоѓа злато вредно повеќе од 100 милијарди фунти.
Бродот на руската Царска морнарица Димитриј Донски потопен е во битката со Јапонците во мај 1905 година, а остатоците се најдени само на еден километар од брегот на јужнокорејскиот остров Улеунгдо, на длабочина од околу 500 метри.
Бродот го пронашле истражувачи од Јужна Кореа, Велика Британија и Канада, а со помош на мала подморница ги снимиле топовите на палубата и сидрата, додека на крмата се уште се чита името на бродот.
Димитриј Донски, е брод со носивост од шест илјади тони, запловил во 1883 година во Санкт Петербург, а го придвижувале котли на јаглен како и три јарболи со едра.
Димитриј Донски кој носел околу 200 тони златни шипки и парички, потопен е на 29 мај 1905 кога пловел кон Владивосток. Притоа загинале 60 од 591 член на посадата.
Компанијата Шинил планира да го извади бродот во октомври и веќе извести дека половина од сѐ што ќе најде, ќе и биде вратено на руската влада.