402 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ го принудија Груби да ја прекине расправата за Изборниот законик

2394

402 амандмани на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на измените на Изборниот законик што ги предложи владата со цел да го деблокира изборот на ДИК, се најдоа во собраниската архива само 20 минути пред оддржувањето на Комисијата за европски прашања. Ова го принуди претседателот на Конисијата Артан Груби да ја одложи комисиската расправа и допрва се чека кога таа ќе продолжи.

Тактичкиот потег на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја урна идејата на мнозинството да ги деблокира измените на Изборниот законик.

Амандманите прво треба да се преведат, да се достават до Владата, до е-парламент и до сите пратеници, за седницата да може да продолжи, велат од вМРО-ДПМНЕ за Плусинфо.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ѝ порача на власта дека влегува во многу голем ризик ако донесе Изборен законик без опозицијата.

– Груби, мислам дека треба да ја прекинете седницата поради тоа што ги немате амандманите пред вас и вториот аспект е политичкиот. Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО вклучено на најјако. Во Собранието двајца се најважни. Тоа се Груби, кој ми е пријател, и Џафери, кој е исто мој пријател. Мојот апел до вас е да прекинете без утврдување дневен ред. Да престанете со насилство. Со зборовите на СДСМ – дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било -рече Димовски.

Од власта брифираат дека сега на потег се лидерите кои треба да се договорат за Изборниот законик, за комисиската расправа да продолжи. Сепак, како што велат ова не значи дека ќе се чека на лидерската средба закажана за понеделник туку дека во меѓувреме ќе продолжат разговорите на лидерско и на пониско ниво за ова прашање.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...