Четири лица загинале при лавина на француските Алпи, едно лице е повредено, а уште едно се води за исчезнато, соопшти полицијата, додавајќи дека операцијата за спасување сé уште е во тек.
Лавината ја погодила областа со ски-терени во месноста Ентраунс, објави француската полиција преку „Твитер“. Според информациите, лавината се случила околу 13 часот по локално време на границата со Италија, во областа каде што скијачи скијале надвор од патеката.
Минатиот месец двајца скијачи, маж и неговата 11-годишна ќерка, загинаа во лавина, во алпската долина Val d’Isere, а четири лица загинаа во одвоени инциденти во Пиринеите.