Груби ја закажа седницата за Изборниот законик, Данев вели нема договор

884

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби за 17.30 часот денеска ја закажа комисиската расправа за измените на Изборниот законик во делот на изборот на членовите на ДИК, по скратена постапка.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во изјава за Плусинфо вели дека нема договор и промена на нивните позиции за предложените измени на Изборниот законик. Тој потврди дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на комисиската расправа, но не откри детали за тоа како ќе дејствуваат.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на промена на Изборниот законик во делот на ДИК. ВМРО-ДПМНЕ има забелешки за тоа дека на предлогот за измени е ставено европското знаменце, дека првпат измени на Изборен законик се носат без консензус со опозицијата…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...