Не е услов амнестијата. Тоа е уште еден обид да се манипулира јавноста. Не треба да дозволиме да се манипулира треба да останеме принципиелни и чести, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба одговарајќи на новинарско прашање дали амнестијата е условот кој го поставува ВМРО-ДПМНЕ.
На лидерската средба тој рече дека не стигнале да разговараат за тоа што Заев најави дека референдумот ќе биде консултативен. Ниту ВМРО-ДПМНЕ како партија нема став околу тоа прашање. Како што рече Мицкоски не разговарале за Тоа, но вечерва имаат состанок во партиското седиште со Извршниот комитет и со пратеничката група.
И тој исто како и Заев беше воздржан околу тоа дали и за што постигнале договор.
– За некои имаме приближување за некои немаме приближување. Се договоривме да продолжиме во недела навечер или понеделник наутро. Не би зборувал детали за каде има приближувања, а каде не. Би оставил простор за тоа да дискутираме по сетот средби кој следува – рече Мицкоски.
Сепак тој потврди дека разговарале за формирањето на ДИК и за оној момент кога имало обид власта со измени ма Изборниот законик да го истурка формирањето со непочитување на законите.
Споделувајќи го, како што рече, неговиот впечарок кој се темели на принципи тој порача дека ако навистина се стремиме кон европските принципи не само декларативно да ги соопштуваме туку треба и да ги применуваме на дело.