Без вода утре од 8,30 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од зградите број 62, 64, 66 на булевар „Партизански Одреди“ и локалите од ТЦ Лептокарија, во општина Карпош.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекниот е поради санирање на уличен дефект од Ф-200 мм на Булевар „Партизански Одреди“ број 62 (до Комерцијална Банка) во населба Карпош 3.