Атлетичарот од Гренада, Бралон Таплин, кој е најбрз на 400 метри оваа година (44.88), е дисквалифициран заедно со сите останати натпреварувачи од неговата квалификациска група на Светското атлетско првенство во сала, што се одржува во Бирмингем.
Од четворицата тркачи во оваа квалификациска група, тројца се дисквалифицирани бидејќи ја минале лентата на другиот натпреварувач, додека еден е исклучен поради погрешен старт.
Таплин е дисквалифициран за преминување во друга лента, иако со време од 46.37 секунди уверливо се пласираше во полуфиналето.
Меѓу дисквалифицираните се и Стивен Гајл од Јамајка, Латвиецот Аустрис Крапинскис и Алонзо Расел од Бахами.