Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на 20 и 21 јули 2018 година, ќе престојува во официјална посета на Република Косово каде што ќе се сретне со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Косово, Беџет Пацоли, а ќе биде примен и од премиерот Рамуш Харадинај.
Како што соопшти МНР, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања од билатералните односи меѓу двете земји, како и перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи ја економската размена, трговијата и инфраструктурното поврзување.
Исто така, ќе се разговара и за перспективите на состојбите во регионот и неговото интегрирање во европските и евроатлантските структури.