По два часа разговори лидерите на четирите најголеми партии во земјата, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а како Билал Касами од Беса заминаа на пауза.
Се очекува потоа тие да продолжат со средбата на која што се дискутира за повеќе прашања, меѓу кои составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно формулацијата на реферндумското прашање.
За време на паузата лидерите Заев, Ахмети и Касами седат на една маса, додека во дворот на Клубот на пратениците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кафето го пие заедно со своите соработници.