Касами очекува тој да биде дел од четворката на денешната лидерска

Според нашите информации, по завршувањето на вчерашната лидерска средба Касами му укажал на премиерот дека претставник на лидерската во формат од претставници на четири партии, треба да седне тој бидејќи веќе воспоставениот принцип за учество на лидерска не се повикува на бројот на пратениците туку на бројот на освоени гласови на последните парламентарни избори.

638

И лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, и лидерот на тетовското крило на Беса, Билал Касами, според брифери на Плусинфо, очекуваат покана за денешната лидерска средба која премиерот Зоран Заев ја закажа во 12 часот во Клубот на пратеници, а на која ќе присуствуваат само претставници на четирите најголеми партии (две од опозицијата, две од власта).

И Села и Касами се во опозиција, но и двајцата, по поделбата на Беса на две крила, имаат по двајца пратеници во Собранието.

Според извори на Плусинфо кои вчера учествувале на лидерската, ниту Села, ниту Касами нема да прават проблем кој од нив двајца ќе добие покана од Заев за денешната лидерска. Сепак, според нашите информации, по завршувањето на вчерашната лидерска средба Касами му укажал на премиерот дека претставник на лидерската во формат од претставници на четири партии, треба да седне тој бидејќи веќе воспоставениот принцип за учество на лидерска не се повикува на бројот на пратениците туку на бројот на освоени гласови на последните парламентарни избори.

Според ваквата математика, по последните избори Беса стана најголемата опозициска партија од албанскиот блок не земајќи го предвид подоцнежниот раскол на партијата. За потсетување, Беса се подели на тетовско крило кое го предводи Касами и скопско на Африм Гаши. Касами е во опозиција со 2 пратеници, а Гаши влезе во власта и во парламентот има 3 пратеници.

Според изворите на Плусинфо, со ставот на Касами за тоа дали тој или Села треба да биде поканет, се согласил и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, па така очекувањата се дека на денешната лидерска средба на маса ќе седнат Заев, Мицкоски Ахмети и Касами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...