Американски конзервативци тајни играчи позади македонските лажни вести од 2016

Истрагата открива дека лажните веб-сајтови за вести кои се намножиле во Македонија во 2016 не биле само работа на локалните тинејџери - а безбедносните агенции ги испитуваат можните врски со Русија.

687

Заедничкото истражувањето спроведено од OCCRP, Buzzfeed и Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија открива информации кои фрлаат ново светло врз скандалот со бумот на лажните вести во македонскиот град Велес. Автори на истражувањето се Обри Белфорд, Крег Силверман, Џ. Лестер Федер и Сашка Цветковска.

Една недела пред денот на изборите во САД во 2016 година, Базфид откри дека во Велес се регистрирани повеќе од сто веб страници кои објавуваа лажни и вирални вести кои одеа насока на поддршка на, тогаш кандидатот за претседател, Доналд Трамп.

Медиумите од светот тогаш дојдоа во Велес да ја раскажат приказната за градот и за таканаречените лажни вести кои ги правеа тинејџери од целиот свет  – многумина од нив со малку разбирање на англискиот јазик, но со успех во заработка на десетици илјади долари од дигитален маркетинг благодарение на виралноста на нивните често лажни написи за американската политика.

BuzzFeed News,  Organized Crime and Corruption Reporting Project сега откриваат дека политичката новинска индустрија не почнала спонтано од аполитичните тинејџери, туку била лансирата од познат млад адвокат кој често ги брани новинарите во разни судски случаи. Неговото име е Трајче Арсов, а тој работел со американските партнери повеќе од шест месеци во периодот пред претседателските избори во САД. Еден од овие Американци е Парис Вејд, кој во моментов е кандидат за Сенатот во државата Невада. Арсов, исто така, ангажирал  и американски и британски автори, вклучувајќи најмалку двајца кои работат за десничарски конспиративни популистички веб медиуми како Gateway Pundit.

Истражувањето открива дека барем еден припадник на руските таканаречени трол-фабрики кои се дел од обвиниението на специјалниот обвинител на САД Роберт Мулер, кој го истражува наводното мешање во претседателските избори, доаѓал во Македонија три месеци пред креирањето на првите сајтови со таканаречени лажни вести фокусирани на американската политика за претседателските избори во 2016.

 

Новинарите не најдоа доказ што го поврзува доаѓањето на Ана Богачева, тн. руски трол од обвиниението на Милер, со велешките веб страници. Арсов и другите поврзани со оваа операција негираат секаква поврзаност со било какви линкови со Русија.

Богачева е една од 13-те руски државјани обвинети од Мјулер за наводно мешање во изборите во САД во февруари годинава.

Македонските разузнавачки и правосудни органи сега соработуваат со правосудните органи и агенции од САД во најмалку две западно-европски држави со намера да истражат дали можеби постојат евентуални со Русија, потврдија двајца високи функционери во две институции вклучени во меѓународната истрага.

Обвинението се фокусирало на улогата на „фабриката за нарушување на углед“ со седиште во Ст. Петерсбург. Таа Агенција имала за цел истражување на интернетот  и создавање на онлајн пропагандни материјали и ширење пораки преку социјални мрежи со цел да му помогнат на Трамп да ја победи противкандидатката Хилари Клинтон.​

Документите за влез во државата, прибавени од Базфид и ОССРП​ укажуваат дека Богачева престојувала во Македонија во средината на 2015. ​

​На новинарски прашања поставени преку „VKontakte​“ да ги објасни причините за посетата на Македонија во 2015, Богачева одбила да одговори со коментар дека „не разговара за прашања поврзани со нејзината работа”.

Стереотипот за македонски објавувач на лажни вести е тинејџер од Велес кој слабо зборува англиски, не се грижи zа новинарството ниту пак zа политиката во САД, но знае да управува со техники за масовно плагирање и ширење на дезинформации по социјалните мрежи.

Трајче Арсов не е ниту еднo од ова. Но, тој е кумот на веб страниците со содржини за политиките во САД, од Македонија.

​Арсов, нарекуван Тале  е 39-годишен адвокат од Скопје, со потекло од Велес. Арсов се декларира како либертаријанец на кој републиканските сенатори Ранд Пол и Тед Круз му се политички идоли.

Во изминатите десет години кога во Македонија владееше авторитативно–конзервативна влада, Арсов беше еден од ретките адвокати кои имаа волја да ги бранат независните новинари.

Со увид во домејните за регистрација на Македонските политички сајтови, новинарите  дека Арсов заедно со неговиот брат Панче ги објавиле првите политички сајтови во Велес – USAPoliticsToday.com  на 23 септември 2015. Со тек на времето Арсови направија своја империја од приближно дузина сајтови и поврзани фејсбук страници – кои вкупно имаа преку 2 милиони следбеници. Овие страници беа оперативни и објавуваа вести се до овој април кога Фејсбук конечно ги затвори.

Истражувачите се сретнаа со Арсов, но тој на почетокот негираше било каква поврзаност со овие сајтови, но откако беше соочен со документи почна да се отвара, иако негира поврзаност со Русија.

Според Арсов се започнало во 2015, кога неговиот брат Панче, викан Пане, му ја дал идејата. Со години Велес бил домаќин на мноштво сајтови, дел од локалците кои учествувале во тоа создале мали богатства преку онлајн рекламните сервиси како Google AdSense (платформа за рекламирање на сајтови преку рекламите на Гугл).Арсов вели дека неговиот брат во тој момент бил неработен и живеел од помошта на неговите родители сакал дел да биде дел од акцијата. Братот на Тале Арсов, Пане, вели дека прв пат слуша за некаква истрага и дека тој не е вмешан во ништо нелегално.

Тале вели дека браќата кусо време се обиделе да водат интернет сајт за автомобили.

-Ја следам македонската политика, политиката во САД и Русија – вели Тале кој се смета за десничарско – либертаријански настроен. „Мојата идеја беше, ОК, би можел да почнеш со нешто поинакво, што не е здрава храна, автомобили, би можел да почнам со политика“.

Но сфатил дека на Фејсбук, копирање и преработка на текстови за конзервативците била подобра бизнис идеја.

-Ги дознавме имињата на групите во кои можеме да останеме подолго, каде нашите профили не ги отстранија, и беа поврзани со конзервативците, со Републиканците, со Трамп – вели тој. „Најдовме над 100 групи на конзервативците, а имаше само десетина за либералите“.

Тој тврди дека само презимале мејнстрим конзервативните сајтови како Fox News, Breitbart, The Daily Caller, and the Washington Examiner.

-Јас сум против мејнсистрим медиумите кои се пристрасни кон демократите.

CNN и други, како и ABC  се исто така пристрасни – вели Арсов.

При проверката се видело дека бројни стории кои претходно беа објавени ја фаворизирале Русија иако Арсов во интервјуата неколкупати одрече дека неговиот „издавачки бизнис“ им било каква врска со Русија или било кој што би можел да работи како прокси за таа држава.

Во Велес се прошири информацијата дека браќата Арсов нашле нова тема од која се прават пари. Набрзо, другарите на Пане почнале да отвораат свои политички веб страници. Еден од нив е Орце Станковски кој претходно поминал шест месеци работејќи на фарма за свињи. Станковски ги направил страниците usapoliticsinsider.com и usadailypolitics.com. Потоа и други млади лица отвориле свои сајтови за политиката на САД.

Станковски одби да коментира.

Во пролетта 2016 Велес беше дом на таканаречената индустрија за политички веб страници ориентирани кон американските политики.

До 2016 Тале создал и нов контакт – тој започнал да се допишува на Фејсбук со Бен Голдман, американски писател и издавач кој заедно со неговиот партнер Парис Вејд, ја основале Liberty writers news, хиперпартиски конзервативен сајт со седиште во САД. Оваа двојка ќе доживее слава кон крајот на 2016,  во ноември кога Вашингтон Пост ќе им направи профил портретирајќи ги како дезинформаторски платеници кои се богателе преку ширење страв и гнев. Вејд денеска е кандидат на републиканците за сенатот во Невада.

Големото внимание  предизвика и двете групи да ги загубат своите бизниси.

Фејсбук, Гугл и други платформи почнаа да ги затвараат. Веб-страниците од Велес беа исфрлени од AdSense. Токму една година по денот по изборната победа на Трамп, Вејд рече дека неговата и страницата на Голдман на Фејсбук со повеќе од 1,8 милиони следачи ги нема.

Фејсбук страниците поврзани со страниците на Арсов, и нивните повеќе од 2 милиони следачи преживеале подолго од страната на американските партнери.

Фејсбук конечно ги отстрани сите во април годинава, во ист ден.

Официјалните лица велат дека истрагата сега е насочена кон откривање на клучните играчи кои стојат зад сајтовите и дали имало странско вмешување во нивното создавање и работење.

Клинт Вотс, поранешен агент на ФБИ рече дека истражувачите најверојатно се фокусирани на тоа дали постои руска поврзаност во создавањето и функционирањето на сајтовите, без разлика дали нивната содржина покажува какви било знаци на координација и дали добиле финансии од надвор.

-Најголемото прашање за мене е: Од каде ги добија парите за да започнат со својата работа? – вели Ватс. „Знам дека веб-сајтовите се релативно ефтини, но основната инфраструктура и know-how мора да дојдат од некаде. Од каде идејата да започнат со  сајт со такво намерно фокусирање на изборите во САД? И кој им ги дал ресурсите и им покажал како да почнат од нула?“

Арсов и понатаму работи како адвокат, но политичките сајтови од Велес се укинати.

Недолго откако Фејсбук ги укина неговите страници тој беше особено заинтересиран за тоа што сенаторот Тед Круз ќе го праша извршниот директор на Фејсбук, Закерберг при истрагата за пробивање на податоците на корисниците. Во текот на расправата, Арсов испрати е-пошта до канцеларијата на сенаторот за да го осуди тоа што тој го опиша како нефер цензура на Фејсбук кон конзервативните мислења на неговата платформа.

– Јас сум сопственик на USA Politics Today – започнува пораката на е-мејл. „Конзервативните медиуми се под напад на Фејсбук, бараме поддршка и помош да ги прошириме овие информации насекаде”.

Канцеларијата на Круз не одговори. Арсов можеби е конзервативен поддржувач, но тој не е нивен составен дел.

(Во истражувањето помогнале и Маја Јовановска, Џејсон Леополд и Џејн Литвиненко.)

Подготви: А.Ј.

 

ФОТО: Фејсбук

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...