Скоро трипати повисок од јулскиот просек е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.
Двојно зголемено е и нивото на Вардар кај Зајчев Рид во Скопје, додека кај другите реки низ државата водостоите се без значителни отстапки.
Нивото, пак, на Охридско Езеро е на кота на дозволениот максимален водостој, а на Дојранското е пет сантиметри над договорениот максимален водостој.