СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев на прашањето дали со тоа што од партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго останале до крајот на состанокот во Клубот на пратениците, значи дека се окрупнува владејачкото мнозинство со уште една партија.
Премиерот објасни дека не разговарале за тоа која партија како ќе гласа.
Од Социјалистичката партија присутен беше пратеникот Љупчо Димовски. Оваа партија сè уште не е официјално излезена од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но подогло време во медиумите се говори дека е можно да се приклучи кон владејачкото мнозинство.