Заев на иста маса ги седна „смртните“ политички ривали ГАЛЕРИЈА

2905

Лидерската средба во проширен состав која се одржува во Клубот на пратеници за претстојниот референдум е специфична и по тоа што прв пат на иста маса премиерот Зоран Заев успеа да ги седне лидерите кои се „смртни“ политички ривали.

Така, по повеќе години конечно заедно седнати можеа да се видат Мендух Тачи и Зијадин Села, на кои ова не им се случило уште од расцепот на ДПА и формирањето на Движењето за реформи на ДПА, а сега Алијанса за Албанците.

Интересно е да се видат и Села и Заев седнати еден спроти друг, откако лидерот на Алијансата излезе од Владата.

На иста маса се и лидерите на двете Беси, Билал Касами и Африм Гаши кои битката за партијата ја водата на суд.

Впечатлив е и распоредот на седење на лидерите. Случајно или не Тачи е седнат до лидерот на ЛДП Горан Милевски, кој отворено се спротивстави на влезот на ДПА во Владата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, само Татјана Каракамишева го дели од лидерот на Алијансата Зијадин Села, ако се знае дека Мицкоски упорно бара амнестија за напаѓачите на Села.

Шлаг на лидерскиот собир е Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија. Димовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок, додека синот на Авировиќ е обвинет во случајот со Сеад Кочан.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...