Мицкоски бара нова лидерска, си замина од Клубот на пратеници

4351

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба и побара нова средба до понеделник со четирите лидери на најголемите партии.

– ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таканаречената лидерска средба во Клубот на преатеници заедно со претседателите на повеќе политички парламентарни партии. За нас не беше јасен концептот зошто сите парламентарни партии не се застапени на овој состанок. Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт поради ваквото однесување, ги кажавме причините поради кои ја напуштаме овој состанок, воедно го повикуваме претседателот на Владата  Зоран Заев во најскоро време до понеделник да организира лидерска средба во формат кој што не би надминал бројност повеќе од четворица, да седнемне, да разговараме отворено за сите отворени прашања коишто му претходат на формирањето на составот на ДИК, а дури пота да разговараме за формирањето на ДИК – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев да го исполни ветеното, односно да го донесат законот за финансирање на партиите и истакна дека не се откажува од барањето за Пржинска влада.

Мицкоски не одговори кои ќе бидат неговите потези ако Заев не ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Состанокот на лидерите во Клубот на пратеници продолжува.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...