Забрана за фоторепортерите да ги сликаат лидерите

286

Владината служба за информации не им дозволи на фоторепортерите и снимателите да ги снимаат лидерите кога влегуваат на состанокот во Клубот на пратеници по што тие во знак на протест ги оставија камерите пред влезот, информираат новинари и фоторепортери.

На новинарските екипи им е кажано дека не смеат да влезат во кругот на Клубот на пратеници оти „таков е протоколот од безбедносни причини“.

Откако неколкумина се побунија со забелешка дека во изминатите 27 години до сега ниту еднаш не се случило фоторепортерите и снимателите да не смеат да ги сликаат лидерите како излегуваат од колите, по што во знак на протест си заминаа, Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот им дофрли: „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.

Фото: Сакамдакажам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...