Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел на прашањето дали МВР може да даде повеќе информации за наводите на премиерот Зоран Заев и истрагата на новинарката на OCCRP дека руски бизнисмени финансираат немири во Македонија во референдумската кампања, уште еднаш порача дека нема да ја води истрагата преку медиумите.
– Сакам да бидат спокојни граѓаните во делот на безбедноста и во делот на сите случувања. Македонија има сега историска шанса за напредок, историска шанса да биде дел од Европската унија и НАТО и оваа историска шанса не обрзува сите нас и граѓаните и политичарите и медиумите и научната јавност и стручната јавност да помогнат и да бидат за иднина и перспектива на своите деца – рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Но Спасовски повтори: „ниту една истрага не сакам, не можам, ниту е потребно да ја водиме во јавност и преку медиуми“. Додаде дека институциите во државата фунцкионираат и дека поради тоа граѓаните можат да бидат „спокојни“.