Селмани: Владата да каже кој изврши притисок врз полицајката?

1044

Владата треба да даде објаснување кој врши притисок врз полицајката Јасмина Јаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај „Мавровка“, напиша претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани на Фејсбук.

„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка.
Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука“, напиша Селмани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...