Хан си замина, пратениците удрија на башибозук

2688

Македонските пратеници се крстат во европската агенда само во присуство на европските политичари поготово од рангот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој откако вчера си замина од земјава и им остави куп работа на народните избраници, тие  денеска не успеаја да обезбедат ни кворум за измените на Изборниот законик.

Станува збор за измени што ги предложи Владата вчера за избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), кои, како што е најавено треба да се носат по скратена постапка.

Предогот на Владата, кој наиде на критики и на стручната јавност предвидува ДИК да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство. Овој предог, дојде откако опозициската ВМРО – ДПМНЕ почна да го блокира изборот на привремениот состав на новата ДИК, потег кој исто така е мета на критики како и тој на власта која планира, како што велат експертите, насилно менување на Изборниот законик.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа седницата за во 15 часот и повика до тогаш да се обезбеди кворум. Сепак е неизвесно дали пратениците ќе дојдат на закажаниот термин или ќе продолжат да тактизираат во исчекување на абер од лидерската средба која се очекува да се одржи попладне во 18 часот.

Опозицијата претходно најави дека нема да дојде на седницата бидејќи не биле консултирани и не се согласуваат со предложените измени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...