30 илјади евра грант од УНДП за дневен центар за деца со посебни потреби во Гази Баба

193

Општина Гази Баба доби грант од УНДП во вредност од 30 илјади евра, за изградба на нов дневен центар за деца со посебни потреби. Ова денеска беше одлучено на седницата на Советот на Скопски плански регион. Покрај Гази Баба, во овој проект ќе биде вклучена и општина Ѓорче Петров, соопшти Општина Гази Баба.

Според градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, кое е и претседател на Скопски плански регион, со овие средства, значително ќе се подобрат условите во дневните престои за децата од ранливите категории.

Покрај ова, беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Советот на Скопски плански регион и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Целта е взаемните искуства и капацитети, да се искористат за развој на зацртаните проекти на сите 18 општини во Скопско планскиот регион.

Според Георгиевски, соработката на Скопски плански регион и УКИМ значително ќе придонесе во подготовка и аплицирањето на проектите со домашните и странски инвеститори за идниот развој на Скопски плански регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...