Млад мотоциклист денеска попладне е пренесен на скопските клиники со тешки повреди задобиени во сообраќајна несреќа која, според полицијата, се случила во 13.30 часот на улицата „Кеј Братсво Единство”, во близина на пазарот во Гостивар.
Од првичните сознанија на увидот на полицијата што се врши со овластување на Јавен обвинител повреден е Р.А. (21) од Гостивар. Тој во моментот на несреќата управувал мотоцикл „Јамаха Р6“ со италијански ознаки. Од се уште неутврдени причини тој се судрил со „Пежо-партнер“ што го управувал гостиварецот И.Н. (58).
Во сударот мотоциклистот добил тешки телесни повреди и во животно загрозувачка состојба е итно бил пренесен на скопските клиники.
Во моментов увидот на полицијата се уште трае и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.
За помалку од два дена, по гостиварските сообраќајници се регистрирани три сообраќајки во кои три лица се потешко повредени.