Димовски: Укинете го Собранието, нека гласаат само Џафери и Груби

1332

Нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, тоа може да го прави само „пратеникот“ Талат Џафери. Тој може да гласа во името на 120-те пратеници се што ќе му прати Владата, порача Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако мнозинството ги стави на дневен ред измените на Изборниот законик во делот на ДИК.

– И со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби – рече Димовски.

Џафери му се заблагодари на Димовски на како што рече укажаната доверба да гласа во име на сите 120 пратеници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата бараат поместување или симнување од дневен ред на предлогот за промена на Изборниот законик и обвинуваат дека мнозинството измените ги носи без консензус, на сила при што ги крши Деловникот, законите и Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...