Заев закажа лидерска за утре во 18 часот

375

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев за утре во 18 часот во Клубот на пратенциите закажа лидерска средба.

– Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...