Владата на денешната редовна седница го именуваше Стојанче Ангелов за Национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители.
Стојанче Ангелов, кој е поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, неодамна го напушти МВР поради политички ангажман во иднина.
Тој преку статус објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“ на почетокот на овој месец му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.
На почетокот на месецов, Ангелов беше ангажиран како советник за безбедносни прашања во Македонска навигација (М-НАВ).