Владата сака измени: ДИК да се бира со 61, а не со 81 пратеник

553

Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, потврдуваат од кабинетот на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Предлогот на Владата е веќе ставен, по итна постапка, на денешната пленарна седница на Собранието, на што реагира опозицијата.

Измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не како што е досега со двотретинско – 81 пратеник.

Целта е да се деблокира изборот на ДИК за да може да почнат подготовките за референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...