Легендата за спринтот, Усеин Болт ќе добие нова шанса да го оствари својот сон и да стане професионален фудбалер.
Болт, кој во неделата во Москва го проследи во живо финалето на Светското првенство помеѓу Франција и Хрватска, ќе има шестнеделен пробен период во клубот Сентрал Коуст Маринерс од австралиската „А“ лига.
Светскиот шампион во трките на 100 и 200 метри претходно оваа година веќе беше тестиран во германскиот клуб Борусија Дортмунд и норвешкиот Стромгодсет.
Новата авантура Јамајканецот ќе ја започне во август. Ако пробите се успешни, Болт, кој ќе наполни 32 години следниот месец, може да остане една сезона во австралискиот тим.
ФОТО: Твитер