Ла Лига го воведува ВАР од следната сезона

126
Шпанската фудбалска лига е подготвена да го воведе спорниот систем за видео-повторувања (ВАР) од почетокот на следната сезона, соопштија денеска од Ла Лига.
Системот се користи и во други водечки првенства во Европа, меѓу кои италијанското и германското, а утре Бордот на меѓународната фудбалска асоцијација треба да донесе одлука за нејзино користење за време на Светското првенство во Русија. Досега, главните критики на системот се фокусираат на бавна обработка на информациита, што ја намалува динамиката на играта.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...