Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со Божја помош ќе ѝ помогнеме на црквата ВИДЕО

219

Бугарскиот патријарх Неофит се надева дека со Божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој тој го означи како „нешто во кое вреди да се вложи“.

– Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме радосни и среќни. За многу години, изјави бугарскиот патријарх за БГНЕС одговарајќи на прашање како ќе и помогне на Вселенската патријаршија при решавање на прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Неофит учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...