Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија.
Претседателот Иванов во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од петседателот на Република Молдавија, Игор Додон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.
Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со премиерот на Република Молдавија, Павел Филип и со претседателот на парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду.