Едно од барањата на ВМРО ДПМНЕ за да поддржат формирање на ДИК е власта да прифати носење на Законите за влада со вметнување на делот за „Пржинска влада“ како пред парламентарните избори во 2016 година, како и за финансирање на партиите, рече универзитетската професорка и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во интервју во „Само вистина“ на Канал 5.
Василевска рече дека бил договорен дури и термин за средба, но власта не го испочитувала.
– ВМРО-ДПМНЕ и сега е подготвена за предвремени парламентарни избори, но треба да се исполнат истите услови како за предвремените избори во 2016 година – рече таа.
Според неа, ако нема „Пржинска влада“, на евентуалните предвремени избори или пред референдумот, ќе имало „крв до колена“
Василевска зборуваше за судството, за прислушуваните разговори, за кои рече дека растуриле многу бракови, бизниси и кариери, тврдејќи дека дел од тие разговори биле предадени на косовското подземје и биле користени за уцени.