Обвинителството без одлука за Саздо

236

Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на лицето Н.С., кое почина по инцидент во скопската населба Автокоманда, соопшти Обвинитењлстворо.

– По дадена Наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, до обвинителството достави извршено вештачење за причинско-последичната врска на нанесените повреди со смртната последица кај сега починатиот. Оваа наредба од обвинителството следеше откако претходно беше доставен обдукцискиот протокол, а беа обезбедени и други вербални и материјални докази. Пред надлежен јавен обвинител денеска беше испитан и законскиот застапник на починатото момче.

​Во доставеното вештачење детално од страна на вештите лица се дава приказ за состојбата на оштетениот по случувањето на кривично-правниот настан во моментот на неговата хоспитализација, во периодот на хоспитализацијата, па се до настанување на смртната последица. Вештачењето е доставено кај надлежниот јавен обвинител на натамошно проучување. По разгледување на вештачењето во контекст и на другите прибрани материјални и вербални докази, јавното обвинителство веднаш ќе одлучи во поглед на правната квалификација и натамошниот тек на постапката, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...