За пејачите потрошени 75.000 евра, Владата нема да ги тужи Лозано и Љубојна

1866

Ангажирањето 40-тина домашни изведувачи на прославата за поканата од НАТО и датумот за преговори со ЕУ со засебни авторски договори со секој од нив и вкупно за сите чини 75.500 евра, соопшти Владата.

Според владиното соопштение, тие нема да ги тужат по пејачот Влатко Лозаноски – Лозано и по групата Љубојна, туку ќе се спогодат.

„Во секој договор е наведено дека ангажманот е за „прослава по повод поканата за Македонија за членство во НАТО“ со наслов “Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”.  Трошоците за неколкуте изведувачи кои го откажаа ангажманот не се вклучени во пресметката и нема да се реализираат, а административната процедура со нив ќе се заврши по пат на спогодба“, соопштија од Владата.

Оттаму информираа дека вкупните трошоци за прославата биле 179.500 евра.

Детали од извештајот на Владата прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...