Навивачката група Комити за денеска во 19.30 часот преку социјалните мрежи повикува на протестен марш во чест на Никола Саздовски – Саздо. Собирно место е плоштадот во Автокоманда.
„Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”. Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат. Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело“, пишува во апелот на Комитите.