Скопјанец на 30-годишна возраст доби кривична пријава за тешка кражба на дрзок начин откако на автопатот Куманово-Скопје украл 73.000 евра од автомобил.
– И.И. на 12-ти овој месец нешто по 07 часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово- Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот. Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа, во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на пријавениот И.И. кој во еден момент со десната рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект. Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја одземал торбичката и избегал – изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
На скопјанецот му е одреден притвор од 30 дена.